Страшни снимки од белградските улици се шират на социјалните мрежи. На нив се гледа како жена облечена во народна носија игра на улица и ако некој и пријде му се заканува со нож.
„Приказната се шири со слики и видеа на која жена која ‘не е со сите’, облечена во нешто слично како народна носија, се залетува пред луѓе и автомобили и игра нешто слично како српско коло. Работата да биде уште полоша, таа на луѓето од автомобилите кои и свират да се тргне, а и на пешаците, им го вади ножот кој го носи со себе и им се заканува“ – изјавил извор кој сакал да остане анонимен.
„До сега не е пријавен напад, но постои снимка како жената ги брка минувачите. Снимката треба да се сподели насекаде, за луѓето да бидат претпазливи“ – додава тој.
Инаку, според последните информации освен во белградската населба Звездара жената е видена и во Нов Белград.