Радио Милева

Ноќ на длабоки деколтеа: Погледнете ги фустаните од престижните SAG награди (фото)

Ноќ на длабоки деколтеа: Погледнете ги фустаните од престижните SAG награди (фото)

Сезоната на награди е во полн ек, а изминатиот викенд прилика да заблескаат на црвениот килим од доделувањето на SAG(Screen Actors Guild) искористија бројни холивудски дами.

Овогодишеното издание ќе остане запаметено по елегантните и сексаплни креации со фокус на деколтето. Најголемо внимание очекувано привлекоа главните ѕвезди на вечерта, пејачката и актерка Лејди Гага, австралиската убавица Марго Роби и ѕвездата од серијата „Куќа од карти“ Робин Рајт.

Инаку, триумфот на вечерта го имаше филмот „Црниот пантер“ чија актерска екипа е прогласена за најдобра, а наградата во име на сите ја прими Чадвик Босеман.

Неговиот говор беше награден со громогласен аплауз.

reuters

-Да се биде млад и успешен, но црн – тоа нажалост за многумина денес значи и да не се биде доволно добар. Знам како е да се биде опашот, но не и главата, знам како е да се биде под, но не и над. Но екипата на „Црниот пантер“ знаеше дека има нешто посебно што сака да му го даде на светот, а тоа прекрасно чувство, тоа е она што сакам сите глумци да го искусат барем еднаш во кариерата, кажа Чадвик, а пренесува „Дејли мејл“.

foto:profimedia

To top