По одличниот јубилеен концерт што го одржаа минатиоѕт месец во СРЦ „Кале“, пере и останатите од екипата на македонскиот бенд „Нокаут“годинава ќе ја заокружат со снимање на нов албум во живо, заедно со Игор Џамбазов, а сето тоа ќе се одвива во хотелот „Мариот“ на 26 декември (среда) со почеток од 21.00 часот. Интересно е тоа што на снимањето ќе можат да присуствуваат и љубителите на оваа музичка екипа и специјалниот гостин, легендарниот Гуру Харе.
„Велат ’Музиката е звукот на нашите чувства’, а Нокаут најдобро го познаваат тој звук. Затоа, не пропуштајте ја можноста да ги слушнете сите свои чувства во акустична верзија отпеани од ’Нокаут’ и Игор Џамбазов. За магијата да биде уште поголема, овој ексклузивен концерт ќе биде снимен во живо и овековечен во специјален албум“ – пишува во соопштението.
Влезниците по цена од 2.000 денари се во строго ограничен број, а истите можете да ги набавите преку сервисот на „Карти.мк“.