Традиционалната манифестација „Преспански јаболкобер“ ќе се одржи и оваа година околу верскиот празник Крстовден, од 27-ми до 29-ти септември во Ресен. Програмата започнува на 27-ми септември во со ХДАЛ „Флорина“ – Ресен и КУД „Таше Милошевски“ – Ресен.
На 28-ми септември (четврток) настапуваат „Пуш пауза бенд“, „Синхро-ЕКВ Трибјут“ а вечерта се затвора со Андријана Јаневска и Митан проект. Последната вечер на манифестација е резервирана за „Инстинкт“, „Марвелс“ а ѕвезди на вечерта ќе бидат „Нокаут“. Главната музичка програма се одржува на Градскиот плоштад во Ресен.
Освен музичкиот дел ќе се доделуваат награди и свечено ќе се откине првото јаболко.