Иако се венчаа пред една година, наводно Меган Маркл и принцот Хари пред камерите глумат совшрен пар, а тој ја моли да оди кај психолог.
„Поради несогласувањата за улогата на родители, кавга со братот Вилијам и снаата Кејт, очекувањата од кралицата и скандалите на семејството на сопругата, Хари само не експлодирал, а ни Меган не е далеку“ вели извор за „Radaronline“.
Уште кога се омажи во 2018 за Хари, Меган често ги прекршува кралските правила и јавно ги игнорира.
„Меган чувстува дека кралските правила не се во согласнот со денешното време. Меган и Хари ја почитуваат традицијата, но некои работи сакаат да ги прават на свој начин“ вели изворот.
Однесувањето на Меган Маркл е причина честите недоразбирања во семејството.
Иако се’ поминало според протоколот, на семејниот портрет сите се смеат освен принцот Вилијам, додека сите ја забележале чудната насмевка на лицето на Кејт Мидлтон, која вкочането седела, оддалечувајќи се од Меган колку што може повеќе.
Принц Хари одамна јавно ја поддржува стручната терапија и не се срамел да признае дека и самиот побарал помош од психолог во врска со паниката и гневот со кои не можел да излезе на крај, особено по смртта на мајка му.