Пејачката Северина Којиќ и синот на фолкерот Драган Којиќ-Кеба, Игор Којиќ, со години уживаат во љубовта, и покрај тоа што многумина не веруваа дека врската на популарнатата брачна двојка ќе опстане.
Иако често се пишуваше дека не се во добри односи и баскоро ќе се разведат, тие ги игнорираа тие приказни и продолжија да ги живеат своите животи. Сепак, на самиот почеток на нивната врска, кога за прв пат објавија дека се заедно, многумина останаа во шок.
Се венчаа во 2015 година, па и покрај тоа што Северина е 15 години постара од нејзиниот сакан, тие сепак изгледаат исто толку за вљубени како и пред пет години. Којиќ честопати споделува заеднички фотографии на социјалните мрежи со љубовни описи, полни со нежни зборови и посочува дека тие пронашле сродна душа еден во друг.
Многумина беа заинтересирани за тоа кога воопшто се сретнале и како се запознале хрватската sвезда и српскиот фудбалски менаџер, а одговорот на тоа прашање го даде добриот пријател на пејачот, естрадниот менаџер Едвин Софтиќ.
„Игор ми беше пријател, а со Северина долго време сме како семејство. Драго ми е што нивната врска заврши со брак“, изјави еднаш Софтиќ за хрватските медиуми, признавајќи дека тој е стројникот, односно, главниот „виновник“ за нивната средба и запознавање.
Тој, наводно, го одвел Игор на концертот на Северина во „Сава центар“, па отишле во бекстејџот за да се сретне со пејачката. Веднаш штом се запознале, наводно, се појавиле првите симпатии, а наскоро започнала и нивната љубовна приказна која се’ уште трае.