Атрактивната Нивес Целзијус (39) е една од најследените Хрватки на Инстаграм. расната убавица честоги привлекува обожавателите со разголени фотографии кои никого не оставаат рамнодушен.
Нивес обожува да ги истакнува своите телесни атрибути, а ништо не е поразлично на последната фотографија што таа ја објави. Таа позираше облечена во комбинезон од проѕирна црна тантела без долна облека… Така облечена во клечечка поза и заводлив поглед во фотообјективот Нивес едноставно ви го одзема здивот. Обожавателите не издржаа да не ја опсипаат со комплименти и затрупаат со коментари за неодоливиот изглед, а таа вака разголена во новото еротско издание, откри какви мажи можат да и привлечат внимание.
„Кога станува збор за физичкиот изглед, сакам високи, темнокоси мажи, спортска градба, но она што ми е примарно е чувството на релаксација што тој го предизвикува кај мене. Сакам духовитост, елоквентност, емпатија, самосвест и човек без траги на „полн себе“. Да и писменоста ми е многу важна… Ништо толку не ме одбива како неписмени мажи“ – објасни надарената Нивес.