Радио Милева добра причина

Нивес Целзиус отиде на море, ама не излезе од хотелската соба, а еве и зошто?! (ФОТО)

Нивес Целзиус отиде на море, ама не излезе од хотелската соба, а еве и зошто?! (ФОТО)

Расната хрватска нимфа Нивес Целзиус своите следбеници на социјалната мрежа на Инстаграм ги почести со нова тура провокативни фотографии. На нив жешката пејачка разбирливо повеќе гола отколку облечена, го привлече вниманието и предизвика уште пожешки коментари и муабети во естрадните кулоари.

Имено иако замина на море во Сплит, Нивес не излезе од хотелската соба. Најпрвин  уживаше во убавините на топлата вода и скокотливите меурчиња на своето џакузи среде хотелскиот апартман, па голото задоволство го овековечи со фотографија и коментар:

„Не можете да минете без капење во Сплит.  Тешко е да ја напуштиш спалната соба, кога веќе можеш да се шлапкаш во неа“ – напишала цицлестата пејачка покажувајќи дека и покрај годините се’ уште е расна „мачка“!

 

Откако убаво го покисна телото и останатите бујни атрибути, Нивес излезе на хотелската тераса на сончање… Ем да фати некој сончев зрак, ем за да покаже со поза одзади, што тоа киснеше во собното џакузи?

„И вака секој ден“ – напиша пејачката покрај фотографијата која го одзема здивот!

И ако мислевте дека сега ви  стана јасно зошто на Нивес не и се илегувало од хотелската соба, сте се излажале… Во ред, џакузито, терасата и погледот на море се само некои од причините, ама сте де запрашале ли да не е можеби и заради оној што сето ова го фотографирал, придружувајќи ја пејачката?

 

 

To top