Саша Матиќ и Дејан Матиќ, слепите близнаци кои се големи и познати музички ѕвезди, своевремено ги пронајдоа жените на нивниот живот, кои се постојано со нив и живеат во среќен и хармоничен брак.
Анѓелија и Јелена ретко се појавуваат во јавноста, и тие се огромна поддршка на нивните слепи сопрузи, како во приватниот живот, така и во музичката кариера.
Во 2003-та година, Саша Матиќ се ожени за Анѓелија Матиќ, за која вели дека му е најголема потпора и поддршка во животот.
Саша и Анѓелија се горди родители на две ќерки, Александра и Тара, кои не ги покажуваат баш често во јавноста.
Дејан Матиќ се ожени многу подоцна. На почетокот на 2012 година тој започна емотивна врска со неговата сопруга Јелена, со која претходно бил другар неколку години пред тоа. Веќе во јули истата година, Дејан и Јелена застанаа пред олтар, па пред матичар, а на нивната венчавка имаше многу личности од јавниот и естрадниот живот во Србија.
Денес живеат како среќно семејство и имат два сина.
Фото: Инстаграм принтскрин/dejanmaticofficial/sasamatic_official