Радио Милева
тие се тие, само под друго име...

Нив нема да ги најдете под вистинското име и презиме: Ова се псевдонимите и прекарите на познатите македонски ѕвезди на Инстаграм (ФОТО)

Нив нема да ги најдете под вистинското име и презиме: Ова се псевдонимите и прекарите на познатите македонски ѕвезди на Инстаграм (ФОТО)

Социјалните мрежи, нужното зло на денешницата или нашиот прозорец кон светот? Нашите асистенти за што полесна и побрза комуникација со пријателите и непријателите, познатите, непознатите, со сите… Сите оние кои сакаме да не дознаат или дознаеме каде се, како се, што прават, што работат, како живеат, што јадат и пијат, каде летуваат, како се забавуваат… Отворен екран 24/7  во сите 365 дена во годината.

За да можеш сопствениот живот, да го ставиш, а туѓите да ги имаш на увид, логично е да имаш отворено свој профил на социјалните мрежи, без оглед дали е тоа Фејсбук, Твитер, ТикТок, Телеграм, Инстаграм… Што ли веќе?

Инстаграм е секако една од најпопуларните социјални мрежи на која ги споделуваме своите фотографии и куси видеоклипови… Најчесто сите ние, па и познатите и јавни личности своите профили ги имаат отворено и регистрирано под вистинскито име и презиме. Така е барем кај повеќето, но постојат и оние, кои на Инстаграм нема да ги најдете под вистинското име и презиме. Нивните профили се насловени според некој нивни псевдоним или прекар, или пак кованица од неколку букви од името и презимето… Или нешто сосема петто!

1.Таа е романтична убавица, позната македонска манекенка, мисица, модел… Љубител на цвеќето и естетиката, па затоа и држи ланец на продавници за декорација, украсување, цвеќе и подароци… Патем македонски рекордер во брзина на склучување бракови и разводи… Можеби затоа и Емилија Розман на Инстаграм ќе ја најдете под прекарот: rozmanticna.

2. Откако се појави во јавноста, со години наназад постојано е во етерот. Позната ТВ и радио водителка, последниве две-три години и уредничка на утринската програма на ТВ Сител. Убава, згодна, бејбифејс, која со изгледот им пркоси на годините иако е веќе оддамна мажена жена и мајка. Нејзиниот псевдоним под кој ќе ја најдете на Инстаграм е веројатно кованица од буквите  на две имиња: Нејзиното – Елена и на нејзината ќеркичка – Илина… Или едноставно: enna_inna. А, во прашање е новинарката и водителка Елена Стојановска!

3.  Бојата на косата ја менува кога сака и како сака, но најчесто е русокоса. До скоро позната ТВ водителка, а последниве години и една од највлијателните инфлуенсерки кај нас токму на Инстаграм. Позната по своите тетоважи, но уште повеќе по тоа што (веројатно) освен по цело тело, најмалку има „влакна на јазикот“, па на неправдите и нивните чинители отворено им се спротиставува в лице, правејќи ги „пуздер“! Самохрана мајка на малолетно машко дете, чие име го доадала на своето во кованицата:  miandrija  по која Миа Костова можете да ја најдете на Инстаграм.

4. Тој е македонска кошаркарска легенда. Играл во најголемите кошаркарски клубови во Европа, а е единствениот од Македонија кој досега играл и во НБА. Претседател на КФМ, голем пријател и шегаџија кому манекенките му се слабост, кој  својот прекар за на Инстаграм си го дал по едно од култните скопски места за излегување во 80-ите и почетокот на 90-те… Култната скопска  сендвичарница cickostoilko која оддамна не постои, но затоа под тоа име на Инстаграм постои профилот на Перо Антиќ. 

5. Таа една од нашите најпознати ТВ водителки и секско, најпознатата и се уште актуелна лото девојка. Некогашна танчарка, модел и последниве години позната инфлуенсерка токму на Инстаграм. Веројатно со Лила Филиповска најекспонирана кога се работи за ваков вид реклама. Од облека до козметика, од разни услуги до туристички патувања, нема што не рекламира  нашата Марјана Станојковска, која на Инстаграм ќе ја најдете како  marjanamay.

6. Тој е познат и се’ попопуларен актер, ТВ водител и се почесто пејач. Иако припаѓа на помладата генерација на оние кои лебот го заработуваат на „штиците кои живот значат“, театарските претстави во кој тој игра забележителни улоги важат за најгледани. Џентлмен по нарав, романтик по душа, кој неодамна ја побара раката на својата сакана и сега тазе плови во брачните води. Жарко Димоски ако не по целосно име и презиме, тогаш сигурно на Инстаграм ќе го најдете како  zakdim.

7. Таа е позната ТВ водителка и со Александар Блажевски го сочнуваат водителскиот тандем на најгледаната утринска програма во Македонија, утринската на ТВ Сител – „Ја сакам Македонија“. Исто така е и главен уредник на најпродаваниот магазин „Убавина и здравје“ кој вкај нас ја прослави својата 14-та година постоење. Тивка, ненаметлива, културна, елоквентна, вистинска дама, за таква важи  jovana_na_na_na,  псевдоним под кој на Инстаграм можете да ја најдете Јована Стојменовиќ.

8. Тој е сигурно еден од најдобритe композитори и музички продуценти во Mакедонiја, автор на безброј хитови, кои самиот ги отпеал или некои други  со нив се прославиле. Син на познат музичар и композитор кој го напишал еден од најголемите македонски фолк евергрини – „Бисер балкански“. Можеби славното презиме не го користи за на Инстаграм, но затоа пак Роберт Билбилов името на својата продукција  justproduction го користи за кога е тоа потребно да сподели свои видеа и фотографии на оваа социјална мрежа.

9. И таа е позната естрадна новинарка, радио и ТВ водителка прва перјаница на националната МРТВ во оваа област. Со години пред радиомикрофонот и ТВ камерите, една од „последните Мохиканци“ кои ја „чешлаат“ домашната естрада, трдавајќи и онаков третман како што заслужува. Сгодини член  и еден од предводниците на македонската евровизиска делегација, која ги придружува нашите преставници секоја година. За да ја видиш Александра Јовановска на ТВ потребно да „Стиснеш плеј“, а за да ја видиш на Инстаграм потребно е да отчукаш  sandruvka.

10.  Таа е млада македонска поп пејачка и една од ретките, ако не и првата која завршила студии на најпрестижниот музички колеџ во светот, познатиот Беркли во Бостон, САД. Пее уште д девојченце, кога стана позната посвоите настапи на детските фестивали, за подоцна да пресрасне во вистинака млада музичка ѕвезда, која реши да се стекне со меѓународно призната музичка наобразба. Дали ќе остане во САД, ќе се врати дома да ја продочжи естрадната кариера или ќе се упати да си ја проба среќата на некоја друга дестинација, можеби во соседството, останува да видиме. А за да ја видите на Инстаграм Ања Ветерова ќе мора да ја побарате под псевдонимот  кој пејачката самата си го дала: anniamusicofficial

Покрај овие има уште многу други, меѓу кои се и тие кои станаа многу попознати по своите прекари кои ги користат и на Инстаграм, отколку по вистинските имиња, кои речиси никој и не им ги памети… Или барем само најблиските.

Така на пример, пејачката чија професија е  контролор на летање на скопскиот аеродром, Наташа Мијатовиќ е многу попозната по естрадното име  miyatta…  или за на Инстаграм како  miyatta_of_macedonia

Македонската  ар ен би ѕвезда, или 1/2 од дуото „ДНК“  кого сите го знаат како Панчо, всушност се вика Владимир Блажев, кој е и ДЈ,  а уметничкиот ДЈ прекар  djshortypofficial го користи и за на Инстаграм…

Најпознатиот македонски инфлуенсер кој всушност работи како камионџија во САД, стана познат по своите интерсени и занимливи видеа и фотографии на Инстаграм приказните, но и по тоа што „вербално демонтираше“ некои познати македонски јавни ликови како Зоки-Фаци, Боки 13-ка или Сергеј Варошлија, на пример и секако по својата хуманитарна активност. Вистинското име и презиме му  е Дарко Јефремов, ама сите го знаат  како darkovlogs, прекар кој го користи и на Инстаграм.

Кончено, Џина Папас Џокси и неговата антологиска „На Велигден“ нема кој не ги знае. Ама затоа на прсти можат да се избројат оние кои го знаат неговото вистинско име и презиме – Ѓорѓе Васиќ, кој и за јавноста и за на Инстаграм е…   geena_pappas_joxy. 

 

Фото: Инстаграм принтскрин

Останати вести од Радио Милева