Слоба Радановиќ има нова девојка! Популарниот пејач беше фотографиран во понеделникот наутро додека го напуштастанот во Нов Белград со моделот Софија Гачиќ. Двајцата беа прегрнати и од зградата и се упатија кон неговиот автомобил.
Според српски Информер, соседите на Слободан потврдуваат дека го гледаат со девојка која не личи ниту на Кија ниту на Луна.
Слоба беше изненаден кога беше повикан да коментира за ова и изјави дека Софија е атрактивна девојка, но дека тие се само пријатели. Сепак, каде што има чад, најчесто има и оган, па Софија, исто така, не кажа премногу.
„Ве молам, не сакам да давам никакви изјави. Единствено што можам да кажам е дека Слобо е убаво и внимателно момче“ – посочи моделот.
Софија во 2014 година била во емоционална врска со Алекса Балашевиќ, син на познатиот пејач и кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ.
Нивната врска сепак не успеа да опстои, бидејќи убавицата живееше на релација Србија-Турција, што на наследникот на Балашевиќ му пречело.
Покрај тоа, Гачиќ, наводно, била и во емоционална врска со Немања Буха, поранешното момче на фолк пејачката Катарина Грујиќ, и според извештаите на медиумите, таа била дури и одговорна за нивната разделба.
Фото: Александар Јовановиќ Циле / Инстаграм принскрин