Македонската водителка, Милена Антовска- Станковска пред една година се породи и на свет ја донесе својата ќерка Лана Марија, а по породувањето уживаше со нејзината најмила.
Пред повеќе од еден месец, Милена се врати на своите ангжмани пред телевизиските екрани и оние кои ја следат повторно може да ја гледаат на Сител телевизија.
Покрај работните обврски и мајчинството, Антовска наоѓа и време за себе, односно да се посвети на својот изглед и своето тело, иако по породувањето воопшто немаше вишок на килограми.
Разни третмани на лице, миникир, педикир, масажи, физички активности, здрава и правилан исхрана се само дел од активностите за разубавување на една жена.
По работните и професионалните обврски, Антовска посети салон за убавина и нега, за да се опушти и релаксира надвор од своите ангажмани.
Милена на Фејсбук сподели фотографија и се пофали дека заминала на масажа, а во описот на фотографија напиша дека освен дома, салонот за убавина е единствено моесто каде што сака да биде после работа.