Ќерката на познатиот брачен пар Сара Мејс и Димитар Атанасовски, малата Илина пред извесно време на непријатен начин ги изненади нејзините родители. Веселото девојче тогаш низ игра, со радост им се потпиша на автомобилот.
„Со радост и потскокнување го славиме секое уметничко дело“ – напиша тогаш Сара Мејс кога ја фатија на дело откако камерата ја улови нивната наследничка во моментот на креација и инспирација.
Сара и Димитар беа во голема неизвесност што да и направат и како да ја „санкционираат“ за нејзината „уметност“.
А, Сара Мејст тогаш напиша: „Не ми се верува …ццц – што да и направам на демонката сега? Леле, леле… Боже дај ми смирение дури се врати од градинка“ – напиша таа.
Но, за сѐ има решение, важно е само како ќе се справиме и на кој начин ќе одговориме на предизвиците кои ни ги приредуваат најмилите, за натаму во животот да им покажеме што може, а што не, што е дозволено, а што строго зџабрането да се прави.
Секако, мама Сара и тато Димитар останале смирени и одлучиле да го решат проблемот на мудар начин. Па така, овој пат таа се потсети на настанот и покажа како постапиле: „Еден убав ден, пред некое време, се случи ова…
„Така она денсаше, ние не…Но, после кратко време се случи и ова“.
Нивното решение било едноставно, одлучиле само да го однесат возилото кај професионалци и да ја „средат“ работата, а Сара во постот на Инстаграм ги наведе пријателите кои им помогнале да ја завршат и да и стават крај на непријатната ситуација која ги снајде.
„И тоа го направија … како што може да се забележи … колата гланц нова“ – додаде таа во објавата.
„Ништо од уметноста камче на кола“ – ја заврши голготата познатиот брачниот пар кој успеа да биде смирен и да донесе разумно решение за предизвикот од нивната ведра и енергична ќеркичка, која веројатно ја научи лекцијата: „Деца, не правето го ова… Ниту дома, ниту никаде на друго место“!
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Сара Мејс/Димитар Атанасовски