Радио Милева пукна тиквата

Ништо од свадба: Виктор Живојиновиќ и Сандра Миљковиќ раскинаа по две години врска?

Ништо од свадба: Виктор Живојиновиќ и Сандра Миљковиќ раскинаа по две години врска?

Помалиот син на Лепа Брена, Виктор Живојиновиќ наводно повторно е слободен.

Според пишувањата на медиумите, Виктор по две години раскинал со девојката Сандра Миљковиќ.

Шпекулациите започнале откако Виктор ги избришал сите заеднички фотографии со Сандра, но и понатаму се следат на оваа социјална мрежа.

Живојиновиќ моментално е на одмор во Црна Гора, додека пак Миљковиќ уживаше на фестивалот „Егзит“ во Нови Сад.

Инаку, ова не е првпат тие да имаат турбулетен период. Пред една година, Сандра го остави Виктор затоа што наводно во телефонот пронашла пораки од други девојки.

Наводно, проблемите започнале по прославата за продажбата на Гранд.  Тогаш тие заедно се појавија, па ништо не укажуваше на тоа дека ќе се разделат.

Според пишувањата на курир.рс, парот останал во коректни односи.

Ни Сандра, ни Виктор не се огласија по повод овие пишувања.

фото: Инстаграм/сандра миљковиќ/ата имагес

To top