Откако во едно интервју призна дека имала спонтан абортус, Меган Маркл повторно се повлече од јавноста.
Живее скромен живот во Калифорнија со Хари, а љубопитните минувачи и фанови немаат често можност да ги видат во опуштено издание.
Честото експонирање не е тоа што ги интересира, па нивниот неодамнешен изглед ја заинтригира јавноста.
Пред неколку дена биле видени во релаксирана прошетка низ улиците на Калифорнија, далеку од гламур и кралски протоколи.
Меган Маркл, која знае како да заблеска на црвениот тепих, привлече не помалку внимание во оваа кежуал комбинација.
На прошетка со сопругот Хари, таа одбра трендовски капут кој не излегуваше од мода со децении. Кожните чизми се исто така одличен избор за удобност, додека поранешниот војвода овојпат беше облечен во опуштено издание.
Неизоставен дел од нивната облека беа заштитни маски, совршено комбинирани со други парчиња облека. Покрај убавиот изглед, тие покажаа и голема одговорност кон заедницата.
Инаку, Меган и Хари на почетокот на оваа година го напуштија кралското семејство, а новогодишните празници ќе ги поминат во нивниот дом во Америка.