Доаѓањето на кралот Чарлс на власт донесе многу вести, а според пишувањето на британските медиуми се чини дека не му се гледа крајот. Откако објави дека нема да се пресели во Бакингемската палата, а малку подоцна ќе ги продаде и коњите кои ги наследил од неговата покојна мајка, новиот владетел на Велика Британија ќе ја исфрли традицијата на гледање на говорот на кралот.
Имено, како што пишува „The Sun“, кралот Чарлс ќе ја исфрли традицијата на гледање на обраќањето на монархот до нацијата, кое се прикажува на Божиќ, а наместо тоа ќе поминува време со семејството потсетувајќи се на убавите моменти поминати со кралицата.
Експертот за кралското семејство и поранешна дописничка на Би-Би-Си, Џени Бонд, рече дека семејството ќе се собере во Сандрингам во Норфолк за да го прослави празникот, но овој пат ќе има недостаток на формална атмосфера од изминатите години.
Сепак, некои традиции сè уште ќе се чуваат. Исто како кралицата Елизабета, кралот Чарлс претходно ќе го сними својот божиќен говор.
– Сигурен сум дека ќе го сними однапред говорот и сигурно ќе ја допре загубата на неговата мајка, Елизабета Втора – изјави Бонд.
фото:Guliver Getty Images