Радио Милева носталгија за дома

Нина Сеничар призна како живее во Америка и што никако не пропушта (Фото)

Нина Сеничар призна како живее во Америка и што никако не пропушта (Фото)

Нина Сеничар си ја отвори душата за животот далеку од Србија, но и за мајчинството и вештините во кујната, а ја откри и тајната на нејзиниот совршен изглед.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nina Senicar (@ninasenicar)

Актерката и водителка Нина Сеничар која е позната како една од најубавите Србинки со години живее во странство, а по Италија среќата ја најде  во Америка каде стана и мајка.

Иако е среќна и исполнета на друг континент, таа признава дека носталгијата кон Србија е сѐ посилна, па често се враќа дома.

„Да бидам искрена, што повеќе стареам, толку повеќе ме мачи носталгијата. Кога живеев во Италија доаѓав многу ретко, а сега кога живеам на другиот крај на светот доаѓам во Србија на секои два месеци“- вели убавата Нина, која е посветена на нејзината тамошна кампања и секогаш наоѓа време за добар тренинг и нега на кожата.

„Вежбам секој ден, не само поради мојот физички изглед, туку и поради моето ментално здравје. Секогаш, каде и да сум и какви и да се моите обврски, наоѓам време да вежбам. Никогаш не си легнувам пред темелно да го исчистам и хидрирам моето лице, а користам и природен пилинг и маски неколку пати неделно“- ја откри и тајната на нејзиниот совршен изглед.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nina Senicar (@ninasenicar)

Во ноември 2019 година, Нина роди ќерка, но  мајчинството не ја промени многу, туку  и го „обои“ животот.

„ Тоа не ме промени како личност, но мојот живот доби сосема поинаква, подобра смисла“- изјави  Нина, а ги откри и нејзините вештини во кујната.

„Правам одлични полнети пиперки и плазма торта, горе-долу тоа правам. Сите мои пријатели во странство пробаа барем некои од нашите специјалитети и навистина им се допадна. Но, сармата, без конкуренција, секогаш е на прво место“- вели Нина Сеничар.

Фото:Принтскрин/Инстаграм/ninasenicar

 

To top