Иако е во седмиот месец од бременоста и наскоро ќе се породи, Николина – идната сопруга на македонскиот ракометен репрезентативен голман Борко Ристовски до сега на својот животен избраник му немаше официјално кажано – ДА! Заради огромните обврски на нашиот „министер за одбрана“ или заради тоа што, како што самата Нина вели: „Кај нас ништо не е по редослед, освен љубовта која од прв ден е најголема“ – Борко до сега ја немаша официјално побарано за жена!
Ама периодот помеѓу новогодишните и божиќните празници беше згодна прилика ракометниот голман да ја запроси раката својата сакана и официјално да и го стави вереничкиот прстен на прстот. Дали Борко клекна на колена или не, при одвивањето на овој романтичен и свечен чин не знаеме? Младите тој момент не го овековечија, не барем јавно…
Ама затоа кумановската свршеница и официјално се пофали со преубавиот веренички прстен на десната рака, па го овековечи со неколку фотографиии и постови: „Благослов е да добиеш можност да сакаш безусловно и искрео и тоа да ти биде возвратено“ – меѓу другото напишала покрај фотографијата идната снашка и мајка.
И додека Борко со своите ракометни колеги играа пријателски натпревари во Белград, подготвувајќи се за престојното Европско првенство во Загреб, Нина го славеше деновите за големиот христијански празник Божиќ… дома, во Куманово! Прстенот го покажа, паричката – не, зашто таа овој пат не падна кај неа, туку кај мајка и, ама затоа покажа уште нешто… убавата сестричка Мирјана!
„Ако идната сопруга на Борко е „авион“, балтзата му е… ангел“ – кратко прокометираа некои!
И не дека не се во право. Две години помалата Мирјана која живее и студира во Белград, изгледа божествено.
Нежна, сензибилна, со манекенска става и аристократски лик, помалата сестра изгледа навистина божествено… како ангел. А во македонската ракометна репрезентација се’ уште има ергени, па… Можеби „министерот за одбрана“ и ќе се посфати со некој од репрезентативните колеги, а што да не?