Една од најпознатите хрватски манекенки, Нина Мориќ, која со години живее и работи во Италија, неодамна ја вжешти атмосферата на Инстаграм. Нина позираше во провокативна комбинација – секси облека од проѕирна црна тантела во предизвикувачка поза на креветот. Таа дополнително ја загреа атмосферата со „скокотлив“ коментар покрај фотографијата.
„Проклето точно е, добра сум во кревет. Можам да спијам со денови“ – се пошегувала манекенката, но секако ја разбранува и фантазијата на публиката. Мориќ доби над 15 илјади лајкови и стотици комплименти.
Неодамна, оваа 45-годишна девојка со задоволство ги споделува своите разголени, секси фотографии на Инстаграм, што претходно не беше случај, но изгледа дека новата љубов и дала крилја. Имено, убавата Хрватка ужива во романсата со 9 години помладиот од неа пластичен хирург Карл Галат.
Нина повторно е во добри односи и со поранешниот сопруг Фабрицио и покрај бројните бурни, јавни скандали, па дури неодамна се фотографираше со него и со нивниот син Карлос, со кој исто така имаше турболентни односи.
Минатата година Карлос јавно го обвини татко му дека го тепал и рекол дека ја сака мајка си повеќе од се на светот, но пред тоа во неколку наврати јавно фрлал „дрвја и камења“ по Нина.
Да потсетиме, Нина Мориќ е родена во Загреб, а во светот на манекенството влезе како тинејџерка. Во 1995 година се закити со титулата мис на Хрватска, а само една година подоцна го освои третото место на натпреварот за „Елит лице на годината“. Тогаш започна нејзиниот пробив на европскиот пазар, а светската слава ја стекна во спотот на Рики Мартин – „Livin La Vida loca“, кој изобилуваше од секспилни сцени во кои Нина беше во прв план.
Фотот: Инстаграм принтскрин/nina__moric