Вечерва, (петок, 27 јули) се одржува најголемиот фестивал на електронската музика во земјава, ГРИН БИЧ ФЕСТИВАЛ, кој годинава на новата локација на охридското крајбрежје, во паркот на хотел „Еуротел“, е воедно и најголемиот музички настан во Струга во последните повеќе од 10 години! Гаранцијата дека пред нас е уште едно врвно доживување и моќно издание на омилениот летен настан за фановите на квалитетната електронска музика оваа година доаѓа со привилегијата на ГРИН БИЧ конечно да го погледнеме премиерниот настап во Македонија на најпопуларната дама на светската електронска сцена – НИНА КРАВИЦ (NINA KRAVIZ)! Сибирската „техно-кралица“ е позната по бескомпромисните и енергични диџеј-сетови со музика која многумина не би се осудиле да ја „вртат“, а во изминатата и оваа година токму таа имаше и завршни сетови на одбрани фестивали за кои се зборува ширум целата планета – порачуваат организаторите и ве канат на врвна техно журка.
Мегафон
техно журка