Радио Милева лажни реклами

Нина Бадриќ жртва на сајбер криминал: И го украле идентитетот, па ја злоупотребиле за да прават пари (ФОТО)

Нина Бадриќ жртва на сајбер криминал: И го украле идентитетот, па ја злоупотребиле за да прават пари (ФОТО)

Нина Бадриќ се шокираше кога сфати дека е жртва на Интернет измама. Имено, пејачката наводно рекламирала одреден производ за слабеење, но наскоро објави дека тоа не е таа, дека сето тоа е само лага.

“Луѓе! Не паѓајте на лаги. Јас се одрекувам од каква било врска со овие реклами со кои е полн Интернетот. Тие се лажни, како и производите што ги продаваат. Ова е криминал преку Интернет“, напишала Нина.

Бадриќ додаде дека дотичната екипа заработува пари од овие лажни реклами и огласи.

„Луѓето за кои станува збор украле фотографии што се моја сопственост. Дотичните измислиле интервју со мене што никогаш не сум го дала. Луѓето за кои станува збор се вклучени во криминал. Верувам дека сте умни“ – напиша таа на Инстаграм.

 

To top