Хрватската пејачка Нина Бадриќ веќе некое време ужива на приватниот остров Некер на Карибите заедно со својата другарка Сандра Мељниченко која по потекло е Србинка.
Богаташката неодамна го прослави 42-от роденден во друштво на сопругот Андреја, руски милијардер, како и со своите блиски пријатели.
Меѓу нив и оваа година беше и Нина Бадриќ/ Пејачката својот Инстаграм го полни со фотографии од луксузниот одмор, а две од нив привлекоа внимание.
Имено, во прашање е огромната јахта во сопственост на семејството Мељниченко – бродот е долг 143 метри и вреди околу 400 милиони евра.