Хрватската пејачка Нина Бадриќ долго време во јавност нема претставено емотивен партнер. Како што вели, долго време живее сама и тоа и одговора.
„Така живеам веќе подолго време. Сакам да сум осамена. Јас сум тип на личност која сака да биде сама. Понекогаш сакам да се повлечам од луѓето и светот, но ова сега е принудено, па не ми е убаво. Постојано чувствувам некоја неизвесност. Но, најлошо што човек може да направи е да влезе во страв. За стравот едно огромно НЕ. Да останеме негативни кога станува збор за короната, но да останеме позитивни со мислите. Еве јас си ставив во главата дека се оди кон подобро“, вели пејачката за „ИН Магазин“.
Бадриќ вели дека колку и да е тешка ситуацијата не ја напуштаат добрите мисли.
„Не знам како ќе изгледа ден кога повторно ќе застанам пред публиката. Концертите без публика навистина немаат смисла“ заклучува пејачката.