Радио Милева упорна

Нина Бадриќ ја врати идеалната линија – престана да јаде месо и ослабе 20 килограми (фото)

Нина Бадриќ ја врати идеалната линија – престана да јаде месо и ослабе 20 килограми (фото)

Нина Бадриќ се пофали дека ослабела 20 килограми бидејќи го исфрлила месото од исхраната. Пејачката била голем гурман и сакала да јаде говедско, свинско и пилешки специјалитети, но кога сфатила дека не може да го изгуби вишокот килограми, решила да направи драстични промени.

Пејачката имала 83 килограми, а сега Нина има 63 килограми, ослабела 20 килограми бидејќи повеќе не јаде месо.

– Престанав да јадам месо и се случија големи промени во мојот организам. Конечно сум задоволна со мојата тежина, но и се чувствувам многу подобро. Порано, кога јадев парче месо, морав да спијам два часа, бидејќи бев уморна. И сега сум здрава, слатка и весела. Дури и масерката ми кажа дека тонот на кожата ми е подобар. Навистина сум задоволна – вели Бадриќ.

Поп ѕвездата признава дека на почетокот и било тешко, но сега не може да поверува дека некогаш јадела производи од животинско потекло:

– Не ми беше лесно, бидејќи сум навикната да јадам месо и месни производи. Но, кога после само неколку дена видов дека се чувствувам здраво и имам многу повеќе енергија, потребата и желбата за месо исчезна.

Таа истакнала и кои други намирници ги исфрлила од исхраната.

– Веќе не пијам газирани пијалоци, а тестото го сведов на минимум. Понекогаш јадам тестенини или пита.

– Престанав да јадам и слатки. Но, кога многу сакам чоколадо, јадам две-три коцки – искрена е пејачката.

Нина вели дека сега повеќе од кога било досега, здравата храна е на нејзиното мени:

– Јадам зеленчук во неограничени количини. Салатите се задолжителни со секој мој оброк бидејќи се одличен антиоксиданс. Јадам и овошје секој ден, но умерено, бидејќи има многу шеќер. Во менито вклучив и пијалак од брокула, тиква и друг зеленчук. Ми се допаѓа затоа што ме исполнува и не се чувствувам подуено.

Фото:Принтскрин/Инстаграм/Нина Бадриќ

 

To top