Хрватската пејачка Нина Бадриќ се огласи на социјалните мрежи и упати апел до властите во нејзината држава да им дозволат на музичарите да започнат со работа.
Таа истакна дека со колегите не работат повеќе од пола година, па музичарите се единствени кои останаа без работата од која живеат.
„Ми се чини дека сме единствена професија која остана во „lockdown“. Не се донесени јасни мерки на кој начин и под кои услови може да работиме и ние музичарите. Ова не е хоби, ова е серизона работа“, напиша пејачката.
Меѓутоа, таа не зборува за пејачите туку и за тоа дека без пари останале и многу луѓе кои соработуваат со нив како што е бендот, организаторите, претставниците на медиуми.
„Ова не е хоби, ова не е шега. Од оваа работа зависи егзистенцијата на многу луѓе, а многумина останаа гладни и крпат крај со крај. Го молам Минстерството да се огласи кога сме во прашање ние музичарите и да ни отвори можност, по сите мерки бидејќи здравјето е најважно, да почнеме повторно да работиме“, изјави Бадриќ.