Татјана Лазаревска и Новица Василевски посетата и престојот во родната Македонија го користат на најдобар можен начин. И приватно и професионално, па така по одличниот настап на во фолк вечерта на „Охрид фест 2023“ и освоената награда од новинарското жири, во Скопје ќе промовираат дури две нови песни со спотови.
Промоцијата ќе се одржи вечерва, четврток (7-ми септември 2023 ) во ресторанот „Камин Кама“ во Ѓорче Петров, со почеток во 20 часот.
View this post on Instagram
Една од песните е дуетска на Тања и Новица, токму онаа насловена „Љубов ни е име“, со која настапија на „Охрид фест“, додека втората песна е соло поп-фолк балада на Татјана, насловена како „Жена хероина“.
View this post on Instagram
„Во сета гужва, фестивалски настапи и снимања, настапи сепак успеавме да се организираме за да се видиме и да се подружиме заедно. Времето беше навистина кратко, но успеавме и за двете песни да снимиме спотови на прекрасни локации во Охрид и се надеваме дека ќе ви се допаднат. Уште еден повод повеќе за промоцијата е после толку долго време да се подружиме сите заедно“ – порачуваат Тања и Новица пред нивната медиумска промоција на новите видео остварувања.