Радио Милева

Николина Пишек поминала низ драма на одмор: Водителката и нејзиното семејство ограбени и исфрлени од вилата каде биле сместени

Николина Пишек поминала низ драма на одмор: Водителката и нејзиното семејство ограбени и исфрлени од вилата каде биле сместени
фото: инстаграм/николинапишек

Водителката Николина Пишек и нејзиниот сопруг Видоје Ристовиќ поминале низ вистински пекол на одмор во Хрватска.

Имено, водителката и сопругот изнајмила вила од 20 000 евра во местот „Кештел Стари“, но доживеале вистински драма.

Николина тврди сопствениците на вилата ги ограбиле, а нејзиниот сопруг добил ќутек кога се обидел да им се спротистави.

фото: инстаграм/николинапишек

„Изнајмивме вила во Каштел и за тоа плативме 20 000 евра. Една вечер отидовме во Сплит и кога се вративме во куќата пред врата не дочека обезбедување кое не сакаше да не пушти да влеземе внатре. Внатре беа нашите работи, многу пари и накит. Мојот сопруг успеа некако да се пробие и да влезе, а таму го дочека сопственикот на вилата Рок Гале кој го удари и го турна на земја. Затоа време неговата жена ме навредуваше на национална основа, ми викаше: „Четничка ку*ва која пуши српски к*р нема да влезе во мојата вила ни за 15 животи“ вели водителката  и додава дека повикала полиција:

„Набргу пристигнаа полицајците. Тие дозволија во куќата да влезе мојата постара ќерка Хана и да ги собере нашите работи. Таа ми се јави и ми кажа дека се украдени сите наши пари и накит. Мојата ќерка од преголем стрес се онесвести, па дојде Брза помош и ја однесе во сплитската болница“.

Пишек и нејзиниот сопруг утредента отишле во полиција, но и таму ги дочекало непријатно изненадување.

„Во станицата на мојот сопруг му кажаа дека е уапсен поради закани. Го пријавил сопственикот на вилата кој истакнал дека Видоје му се заканувал дека ќе ја претепа сопругата  и дека ќе ја сруши куќата. Поради тоа мојот сопруг помина една вечер во затвор, а по неколку испрашувања тој е пуштен на слобода, но му е задржан пасошот бидејќи е српски државјанин“, раскажува Пишек.

фото: инстаграм/николинапишек

Како што вели таа, на одмор со себе имале накит вреден 270 000 евра.

„Во вилата освен основните работи имавме многу пари имавме и скап накит. Сопругот имаше околу 68 000 евра кој ги подигна во банка во Сплит поради купување на една недвижност во Загреб. На одмор имавме накит вреден околу 270 000 евра, три машки часовници“ објаснува водителката.

Останати вести од Радио Милева