Популарната српска пејачка Николија Јовановиќ се соблече па го покажа извајаното тело само месец и половина по породувањето, но и откри дека „носи пиштол“ во гаќичките!
Пејачката позираше во минијатурно зелено бикини за време на летниот одмор во Грција, од кое и „ѕирна“ тетоважата на венериниот брег, по што сега сите видоа дека Николија е „наоружана“ со тетовиран пиштол на интимата.
„Никогаш не е доцна за одмор“ – напиша таа покрај фотографиите од плажа, на кои ги покажа затегнатиот стомак и мускули. Ќерката на Весна Змијанац доби бројни комплименти од нејзините следбеници на социјалните мрежи, кои и кажаа дека таа е најубавата мајка на естрадата.
И нејзината колешка Ана Николиќ, со која го сними дуетот „Милион долари“, беше воодушевена од изгледот на Николија.
„Девојко, гориш“ – напиша Ана под фотографиите на колешката во бикини.
Да потсетиме, Николија и нејзиниот сопруг пејачот Реља Поповиќ ја добија втората ќерка на 17 јули, годинава. Бабата Весна Змијанац изјави дека е горда на својата ќерка и дека едвај чека да ја прими внуката на својот имот во Букуља.
<Покрај Николија, уште една пејачка има тетоважа со пиштол на интимата. Станува збор за поп пејачката Маја Беровиќ, која честопати го истакнува тој детаљ на провокативни фотографии на социјалните мрежи.
Засега само за нив двете на естрадата со сигурност се знае дека се „тетовирани секси пиштолџики“.
Дали уште некоја од ѕвездите има „вооружена интима“, засега не е познато?!
Фото: Инстаграм принтскрин/nikolijaofficial