Радио Милева
блиски и многу поврзани

Николија ја покажа својата полусестра: Таа е ќерка од втората жена на нејзиниот татко, бившиот маж на Весна Змијанац (ФОТО)

Николија ја покажа својата полусестра: Таа е ќерка од втората жена на нејзиниот татко, бившиот маж на Весна Змијанац (ФОТО)

Пејачката Николија има помлада сестра, која до сега не ја покажуваше во јавноста. Всушност се работи за полусестра, ќерка на нејзиниот биолошки татко Владимир Јовановиќ од неговиот втор брак, додека Николија му е дете од првиот со пејачката Весна Змијанац.

Полусестрата на Николија се вика Теодора и таа минатата година наполни 18 години. Теодора е десет години помлада од Николеја, и се чини дека двете иако не се од иста мајка, совршено се согласуваат.

На социјалните мрежи досега се шпекулираше дека таа и нејзината сестра си личат и дека очигледно многу се поврзани. Сега кога Николија ги објави јавно фотографиите можете сами да ја забележите сличноста.


Во една пригода, Теодора дури изјавила и дека сака да студира во Атина, исто како и нејзината постара сестра Николија. Покрај полусестрата, пејачката има полубрат кој се вика Лука, исто така дете на нејзиниот биолошки татко од втроиот брак.

Инаку таткото на Николија, Владимир Јовановиќ е доктор по економски науки и не ја поднесува естрадата.

Татко ми е „алергичен“ на сè што има врска со шоубизнисот, од времето кога тој беше со мајка ми. Тој, како доктор на науки, ме советуваше да не се занимавам со пеење“ – ќе изјави еднаш Николија.

Останати вести од Радио Милева