Радио Милева Секој по својот пат...

Николија и Реља за момент разделени – ќерката на Весна Змијанац објави дека е сама во Америка (фото)

Николија и Реља за момент разделени – ќерката на Весна Змијанац објави дека е сама во Америка  (фото)

Како што стојат работите, пејачката Николија Јовановиќ утре ќе го прослави својот 33 роденден без својот избраник Реља Поповиќ, бидејќи ќерката на Весна Змијанац деновиве е во Њујорк, додека Реља престојува во Белград заедно со нивните ќерки Реа и Хана. Разделбата на Николија и Реља сигурно им била тешка, но и двајцата тргнале по различни патишта поради работата, додека истиот пат на крајот ги води во заеднички дом.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NIKOLIJA (@nikolijaofficial)

Разделбата на Николија и Реља, за среќа, ќе трае само неколку дена за време на престојот на пејачката во „Големото јаболко“, каде што поминува време со пријателите и деловните соработници, па веројатно е дека Николија деновиве е зафатена со работа, и дека не е се само забава и туристичка обиколка на „центарот на светот“. Меѓутоа, и за тоа имаше време, па пејачката се пофали дека го посетила Музејот на модерната уметност.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NIKOLIJA (@nikolijaofficial)

Пејачката им порача на своите обожаватели дека утре за време на нејзиниот роденден ги очекува мало изненадување. За тоа време, разделбата на Николија и Реља не треба да ги загрижува оние кои ја ценат оваа двојка како една од најскладните на српската сцена, бидејќи наскоро ќе продолжат токму онаму каде што застанале.

Фото:Принтскрин/Инстаграм/Ата Имаџес

To top