Радио Милева
работа и задоволство

Кога ќе се измешаат работата и задоволството: Николија и Реља пред сите жестоко се испокараа за обична глупост?

Кога ќе се измешаат работата и задоволството: Николија и Реља пред сите жестоко се испокараа за обична глупост?

Николија Јовановиќ и Реља Поповиќ се едни од најпопуларните изведувачи на поп музика во регионот. Бидејќи освен колеги тие се и љубовна двојка, двајцата често и настапуваат заедно.

Но, на еден од нивните последни настапи, наводно, имало дебела кавга… за обична глупост, што е можеби логична последица на тоа кога ќе измешаат работата и здоволството.

 

„Иако двајцата често работат заедно,  сега не можеа да се договорат за редоследот на песните таа вечер. Николија беше уморна, па таа сакаше да излезе на сцената малку подоцна, додека Реља инсистираше на тоа да бидат заедно на сцената од самиот почеток.

Од ова направија проблем, па не можејќи да се воздржат, тие жестоко се испокараа пред сите, но кога тензијата се смири,  веднаш заборавија на кавгата“ – изјавил извор близок на парот.

Останати вести од Радио Милева