Популарната пејачка двојка Николија Јовановиќ и Реља Поповиќ го напуштија станот на Вождовац, каде што живееја со мајката на Николија, пејачката Весна Змијанац. Имено, помеѓу Весна и Реља, имало несогласувања кои траеле веќе подолго време, па младите одлучиле да изнајмат сопствен стан во кој ќе живеат со ќерката Реа.
Од моментот кога се породила, Николија, заедно со нејзината ќеркичка и Реља, живееле во станот на Вождовац. Весна живеела со нив цело време, која секогаш била тука да им припомогне околу бебето.
Во текот на пролетта и летото, Весна била претежно на Букуља, па во тој период младите имале свој мир. Но, со секое вараќање на Весна во станот, доаѓало до нови несогласувања меѓу неа и зетот“ – вели изворот близок до семејството и додава:
„Годинаипол откако почнаа заеднички да живеат, Николија и Реља одлучија да го напуштат станот. Имаше големи несогласувања, особено помеѓу Весна и Реља. Тоа не беа жолчни расправии, но постоеше постојана напнатост. Реља оддамна сакаше да го напуштат станот и да започнат свој независен живот. Николија не беше толку за таа опција, зашто помошта на нејзината мајка и беше неопходна, но Реља повеќе не можеше да ја поднесе бабата“ – заклучува изворот близок до семејството.
Кога дознала дека ќе се селат, на Весна не и била право, но исто така била свесна дека така е подобро.