Радио Милева

Николас Кејџ е непоправлив: Се посрамоти себе и девојка си пред венчавката (видео)

Николас Кејџ е непоправлив: Се посрамоти себе и девојка си пред венчавката (видео)

Актерот Николас Кејџ (55) неодамна извади дозвола за да може да се венча со својата помлада девојка Ерика. Потсетуваме, двојката е заедно нешто помалку од една година, а ова ќе биде четврт брак на актерот.

Британскиот „The Daily Mail“ сега дојде до снимка на која актерот прави сцена за време на вадењето на дозволата во Лас Вегас, каде на присутните на висок тон  им порачаа: „како таа ќе му ги земе сите пари“.

На снимката се наоѓа Ерика која цело време чекори пред него, а Николас го споменува и нејзиното поранешно момче кое го нарекува „дилерот“. Во еден момент на својата помлада девојка и кажа дека не сака да се венча со неа.

-Никогаш не ни сакав тоа да го направиш, му порача таа, а потоа со насмевка на лицето ја турка кон една од собите и вели „ајде, одиме“.

Според изјавите на очевидците, актерот бил во алкохолизирана состојба, а во некои моменти изгледал како да се шегува, додека во други моменти изгледал непресметливо. Двојката на крајот е видена како излегува со документи до рака, па се чини дека сепак го изговориле судбоносното „да“.

To top