Актерката Никол Кидман најпосле проговори за децата од првиот брак и нивната наклонетост кон скиентологијата која таа ја напушти веднаш по разводот од Том Круз во 2001 година.
Изабела и Конор одлучија по разводот да станат киентолози и да живеат со Том што според пишувањата на светските медиуми тогаш Никол тоа тешко го поднела. Актерката не сака да зборува да пропаднатиот брак и децата со кои ретко комуницира, за што причина е скиентологијата.
-Двајцата се возрасни луѓе и се во состојба да самостојно носат одлуки. Нивната одлука е да станат скиентолози, а мојата улога како мајка е да ги сакам, вели Никол.
Контроверзната скиентолошка верска определба е причината и за вториот пропаднат брак на том Круз со Кејти Холмс. Неговата опседнатост кон скиентологијата трае повеќе од 30 години, а во своето верување ги убеди и децата.
Односнот на Никол и нејзините деца од првиот брак е толку лош што таа на доделувањето на „Еми“ наградите за главна улога во серијата „Мали лаги“ ги спомена само ќерките од бракот со Урбан.
Foto: Tanjug, Eva Rinaldi Celebrity and Live Music Photographer, Youtube screenshot