Холивудската актерка Никол Кидман ретко зборува за својот поранешен сопруг Том Круз, а сега објасни зошто не сака да зборува за него.
Кидман имаше 22 години кога се омажи за познатиот актер Том Круз. Заедно беа 10 години, а за тоа време посвоија две деца.
Неодамна, истакна дека бракот со Том направил да се чувствува сигурна како жена, а сега откри зошто денес избегнува да зборува за нејзиниот поранешен сопруг.
„Сега имам нов сопруг. Од почитување кон него не сакам да зборувам за тоа. Поминаа 20 години“ изјави Никол за „ Observer“ и додаде.
„Дојде време кога не сакам да дискутирам за својот поранешен сопруг и тоа е добро“