Познатата „Ѕвезда на Гранд“ тајно се венча среде пандемија.
Ајша Капетановиќ во јануари оваа година официјално се омажила за Ади Догиќ.
Ајша и Ади се венчале тајно без присуство на медиумите, а пејачката дури по неколку месеци сподели на социјалните мрежи дека е мажена жена.
Тие склопиле граѓански брак, а свадба ќе направат кога ќе заврши ситуацијата со коронавирусот.
„Вака изгледаше нашата убава венчавка. Овој месец беше планирана и свадба, но короната ни поремети. Се надеваме дека следното лето ќе може да ги собереме сите пријатели и роднини и дека ќе направиме убава свадба“ напиша пејачката.
За ова прилика, Ајше облече бел, тесен фустан кој ја истакнуваше нејзината витка линија, а младоженцот се одлучи за црно – сива комбинација.