Актерка Џесика Бил (38) и музичката ѕвезда Џастин Тимберлејк станаа родители по вторпат.
Никој не знаел за бременоста на актерка, ниту пак за тоа дека нивното семејство се збогатило за уште еден член.
Како пренесува „Daily Mail“, Џесика и Џастин второто дете го добиле на почетокот на оваа недела.
Тие добиле уште едно момче, а мајката и синот го напуштиле породилиштето и се наоѓаат дома.
Парот веќе го има синот Силас.
За британските медиуми, оваа вест ја потврди мајката на актерката која веќе подолго време е во домот на ќерката за да и помогне во првите од раѓањето на бебето.
фото: Профимедиа/инстаграм/телеграф.рс