Познатиот моден дизајнер Карл Лагерфелд важи за модна икона, а во јавноста секогаш се претставува во беспрекорно издание.
Карл на сите фотографии е сериозен, што е препознатливо за него, а сега за првпат ја покажа својата широка насмевка.
Имено, карл оваа година му припадна честа да го уклучи новогодишното осветлување во Париз, а за ова случување беше облечен во црна комбинација и секако темните очила. Шокот следеше кога се насмеа и покажа дека ги нема сите заби на број.
Оваа глетка згрози многумина, а фотографијата со брзина на светлината се рашири на социјалните мрежи.
Интересно е што Лагерфелд (85) неодамна изјавид ека води сметка за здравјето и дека се чувствува одлично во деветата животна деценија, меѓутоа ретко води сметка за забите или не посетува забар. Контрадикторно на неговиот начин и стил на живот, забите треба да бидат најубавиот аксесоар, а не најгрдиот.