Фотографијата на Цеца Ражнатовиќ и нејзината сестра Лидија Оцокоjиќ како тинејџери привлече големо внимание на социјалните мрежи.
Сликата е објавена на Инстаграм, а настаната е пред околу 30 години, кога беа млади и неверојатно слични едни на други.
И Цеца и Лидија во тоа време имаа иста фризура и боја на коса, што е големо изненадување, бидејќи сестрата на пејачката е русокоса со години.
View this post on Instagram
Да потсетиме, Цеца деновиве беше вакцинирана против коронавирус и ја доби првата доза на кинеската вакцина од компанијата Синофарм.
“Се чувствувам одлично. Чувствував должност кон сите, кон државата и моите најблиски. Едвај чекам на концертите, едвај чекам да ме гушнат, од оваа стана досадно. Сакам да апелирам до сите луѓе , Јас не сум фан на игли, но ништо не боли. Ќе се вратиме во нашите вообичаени животи, мислам дека сме единствените во светот кои можат да изберат вакцина да се вакцинираат, ја имавме таа привилегија, повеќето од оние околу добија кинески, па решив да го сторам истото. „Дај Боже да закажам концерти што е можно побрзо“, рече пејачката.