Фотографијата на Саша Поповиќ и Сузана Јовановиќ е спомен од убави, среќни денови …
Фотографијата на Саша Поповиќ и Сузана Јовановиќ е направена пред речиси две децении, а таа повторно се споделува на социјалните мрежи и сведочи за силата на нивната љубов.
Двајцата, кои денес се во хармоничен брак на кој многумина и позавидуваат, се запознале во далечната 1996 година, кога Сузана пеела на свадбата на Злата Петровиќ и водителот Зоран Пејиќ Пеја, а таму првпат во живо ја видел популарниот Саша Поповиќ, тогаш хармоникаш. Судбината ги спои, а заедничката соработка на Сузана со пријателката на Саша, Маријана Украден за видеото, роди пријателство со него.
View this post on Instagram
Пресврт во нивната врска бил денот кога Сузана пеела на свадба во Јагодина, но поради смрт во семејството на возачот останала без превоз. Потоа го повикала Саша да и помогне, но не очекувала дека ќе и понуди да ја одведе. Кога стигнале пред ресторанот, Сузана сфатила дека тој всушност сака да се забавува, пренесува „Стил“.
Нивната љубов беше крунисана со брак во 1997 година, додека во 1999 година се роди нивната ќерка Александра, која на споменатата фотографија е во стомакот на нејзината мајка. Сите коментираат како Сузана блескала и колку Саша бил „луд“ од љубов кон неа, а својата бајка ја негуваат и денес.
фото:инстаграм принтскрин