Велат дека очите се огледало на душата, па погледни го некого во директно во очи и прочитај што во нив пишува.
Црни, кафени, зелени,сини и разни варијации на нијанси од овие бои има секој од нас, но индивидуалноста се издвојува токму преку ирисот.
Вистина.мк секогаш ја поддржува оригиналноста, а овој пат преку погледот на познатите, и тоа никогаш поблизу, ви ја претставуваме идејата на првото концепт студио за ирис фотографија во регионот.
View this post on Instagram
Зад оваа уникатна од идеја до реализација стои фотографот Станков Антонио за кого меѓу првите да го пробаат овој несекојдневен момент на само-себе спознавање беа, пејачката Викторија Лоба, моделот Бојана Нушкова, водителката Елена Најдоски…
View this post on Instagram
Ова посебно искуство не завршува само со уникатна фотографија, туку истата може да биде секојдневно доживување и декорација од вашиот омилен простор во домот, канцеларијата и слично.
View this post on Instagram
Ирисот со оригиналната боја и текстура добива принт и се врамува за да се најде на вистинското место. Па така, нашата уникатност ќе биде сопствениот универзум.
View this post on Instagram
Лоба и Бојана не освоија одблизу со своето ледено небесно синило, додека Елена со својата кафено-жолтеникава планета која зборува за доминација и топлина.
Погледнете и вие одблизу, па сами направете ја сопствената перцепција на тоа што го гледате.
фото:Instagram/Galeria Collarette