Летните сезони се во полн ек, а познатите се расоблекоа во бикини и покажувајќи ги своите облини изгледаат и пожешки од времето.
Познатата српска пејачка Милица Тодоровиќ првите денови од август ги поминува во Босна и Хервеговина од каде што ги почести следбениците со неколку фотографии.
Имено, Тодоровиќ овојпат позираше во никогаш попровокативно издание досега. Таа на својот „Инстаграм“ објави фотографија на која позира во базен, но нејзиниот задник во крупен кадар е во прв план.
„Ааа, па што е ова?“, „Па до кога?“, „До кога ќе гориш?“, се само некои од коментарите кои може да се прочитаат под објавите.