На социјалните мрежи осамна стара фотографија на која се денес две познати пејачки, а мајката ја држи тогаш малечката ќеркичка во своите прегратки. Во тоа време, пејачката која беше ултра популарна, а денес е српска фолк легенда, имала црна коса скратена на едната страна, што ги прави мајката и ќерката уште понеодоливо да потсетуваат една на друга.
Имено, мајката е Весна Змијанац која со децении е на српската музичка сцена, време за кое успеа да изгради завидна кариера, а подоцна по нејзините стапки тргна и нејзината ќерка Николија, која денес е исто така позната поп-фолк пејачка.
Инаку, Весна ја доби Николија од првиот брак со Владимир Јовановиќ, поранешниот директор на маркетинг на РТС, кој по разводот од пејачката повторно се ожени и има уште две деца.
Николија пак, денес е среќно мажена за пејачот Реља Поповиќ.
Фото: Инстаграм принтскрин/nikolijaofficial/Твитер