Познато е дека Саша Поповиќ беше најголемиот заводник на естрадата, пред да се скраси покрај сопругата Сузана Јовановиќ. Сепак, малкумина знаат дека неговата прва љубов не беше Злата Петровиќ со која беше во романса пред Сузана, туку една друга позната српска фолк пејачка.
Имено, за време на неодамнешното гостување на телевизија, пејачката Билјана Јевтиќ, која веќе 35 години е во хармоничен брак со колегата Ацо Илиќ, откри дека таа била првата љубов на Саша Поповиќ.
„Да, ме виде на натпревар, а подоцна во Крагуевац се сети на оние бели чизмички што ги носев и пријде на мојата пријателка Рада и ја праша: „Која е оваа девојка?“
Таа му рекла: „Бегај, што бараш?“
„Не“ – вели тој, „јас сум стар чекач“. Подоцна се запознавме“ – рече Биља, но не сакаше да открие дали симпатиите биле обострани и прераснале во нешто повеќе:
„Па, нека остане тајна, сега тој ќе го прочита ова и ќе рече: „Аааааа… ти не ми го кажа ова“!
Фото: Инстаграм принтскрин/sasa_popovic_grand/jevtic_bilja_official