Популарната актерка Ким Катрал, која сите ја паметат по улогата на Саманта Џоунс од серијата „Сексот и градот“, на почетокот од седмата деценија не се штеди да го покаже своето лице во природно издание без шминка.
Имено, Ким на својот Инсатграм често објавува фотографии на кои лежи во креветот, облечена во бадемантил, без сценска шминка со која сме навикнале да ја гледаме.
Овој нејзин потег предизвика бројни коментари од нејзините следбеници, кои и упатија грст комплименти на сметка на изгледот, но и критики.
Исто така, Ким е позната по многуте улоги како на малите екрани, така и на филмското платно, па дури освои и Златен Глобус во 2002 година и беше номинирана за Еми награда.