По една година пауза, пејачката Гога Секулиќ прва ја отвори летната сезона на настапи во Црна Гора.
Веднаш по попуштањето на епидимиолошките мерки, пејачката сними спот за песната „Балкан бејби“ која ја направи во соработка со еден германски рапер.
За потребите на овој спот, Гога направи потполна трансформација, па стана русокоса, а таква беше на почетокот на нејзината кариера.
„Диџејот стапи со мене во контакт и кога ја слушнав песната ми се допадна. Тоа е тоа, песната ја правеа Џала и Буба, а јас секогаш сум во свој фазон. Ме прашаа дали ќе снимам балади, па ако се појави некоја добра зошто да не, јас сакам брзи песни, тоа сум јас“, изјави Секулиќ.
Пејачката ова лето ќе го помине работно.
Пејачката е посветена и на својот син кој го доби со Урош Домановиќ. Таа живее на релацијата Белград – Цирих.