Радио Милева

Ни Лондон, ни Лос Анџелес: Еве каде принцот Хари и Меган Маркл ќе ги поминат Божиќните празници

Ни Лондон, ни Лос Анџелес: Еве каде принцот Хари и Меган Маркл ќе ги поминат Божиќните празници

Откако британските медиуми нагодуваа каде Меган Маркл и принцот Хари ќе ги поминат новогодишните празници, од Бекингемската палата официјално потврдија дека војводата и војвотката од Сасекс, Божиќните празници ќе ги поминат во Канада.

Имено, парот ќе земе шестнеделен одмор и ќе замине од Велика Британија. Наместо со кралицата и кралското семејство, тие Божиќ ќе го поминат на друг континент.

фото: Крис Џаксон.гети

Иако се нагодуваше дека Божиќ ќе го прослават во Лос Анџелес, заедно со мајката на Меган, сепак тоа нема да се случи, а според извор кој е близок на парот, Меган и Хари се уште не тргнале во разгледување на Торонто., туку уживаат со синот далеку од очите на јавноста.

фото: доминик лапински/ впа пул/гети имагес

„Војводата и војвотката своето приватно време го поминуваат во Канада. Тоа што одлучија таму да ги поминат Божиќните празници покажува колку им значи оваа држава. Принцот Хари беше чест гост во Канада, а Меган Маркл таму живееше седум години, пред да стане член на кралското семејство“ вели потпаролот на палатата.

Во Канада неодамна пристигна и мајката на Меган, но поради сигурност не се знае локацијата каде се сместени.

To top