Откако британските медиуми нагодуваа каде Меган Маркл и принцот Хари ќе ги поминат новогодишните празници, од Бекингемската палата официјално потврдија дека војводата и војвотката од Сасекс, Божиќните празници ќе ги поминат во Канада.
Имено, парот ќе земе шестнеделен одмор и ќе замине од Велика Британија. Наместо со кралицата и кралското семејство, тие Божиќ ќе го поминат на друг континент.
Иако се нагодуваше дека Божиќ ќе го прослават во Лос Анџелес, заедно со мајката на Меган, сепак тоа нема да се случи, а според извор кој е близок на парот, Меган и Хари се уште не тргнале во разгледување на Торонто., туку уживаат со синот далеку од очите на јавноста.
„Војводата и војвотката своето приватно време го поминуваат во Канада. Тоа што одлучија таму да ги поминат Божиќните празници покажува колку им значи оваа држава. Принцот Хари беше чест гост во Канада, а Меган Маркл таму живееше седум години, пред да стане член на кралското семејство“ вели потпаролот на палатата.
Во Канада неодамна пристигна и мајката на Меган, но поради сигурност не се знае локацијата каде се сместени.