Радио Милева И го закачил без да ја праша!?

Ни крива ни должна, Ноне има нов спот: Андреј Миске на старата дует песна со џепната венера и налепи видео и го закачи на Јутјуб!? (ВИДЕО)

Ни крива ни должна, Ноне има нов спот: Андреј Миске на старата дует песна со џепната венера и налепи видео и го закачи на Јутјуб!? (ВИДЕО)

Верувале или не, Ноне има нов спот!? Не, не е шега, ама не е ниту вистина дека македонската џепна венера се враќа на естрадата. Додека таа мирно плови на својот брод по светските мориња и океани, некој се досети дека од стариот музички капитал на бившата пејачка може да прави бенефит.

Или можеби само спомени и емоции се во прашање, со оглед на тоа дека идејата е исто така на бивш македонски пејач,или поточно рапер,  кој сега  има сосема професија: фризер-шминкер или што би рекле стилист!

Веројатно се сеќавате на Андреј Миске, кој сегашната професија ја работеше по скопските студија за убавина и во моментите уште кога почнуваше да прави музичка кариера. Зад себе остави неколку песни што се паметат, и по некој дует, меѓу  кој и оној со Ноне, за песната  „Те сакам за себе“ – едно од првите композиторски  дела на Дарко Илиевски … што подоцна се покажа дека всушност ќе биде последната песна во кариерата на велешанката… Барем  сега засега!

Песната тогаш, во таа 2011-та година мина како мина, ама мина без видеоспот, зашто набргу Ноне  „се откажа“ од  пејачката кариера и замина да работи на брод.

Миске стана семеен човек, па и се врати на професијата која всушност и никогаш не ја напушти – моден стилист!  Ама затоа пеењето, односно рапот… „го изеде стапот… или поточно  „мракот“.  Така, музичките кариери на обајцата останаа само во сеќевање, а песните во архивите… меѓу кои и онаа на Јутјуб!

Арно ама, Миске се досетил, па на старата дует песна со Ноне, и налепил видео со сцени од една популарна ТВ серија, чиј избор на кадри соодветствува со приказната. Дали заради тоа што Ноне, иако не пее во јавноста преку порталите и социјалните мреѓи е еднакво присутна и популарна како и кога пееше,  па на Миске му е адут повеќе, ако решил на овој начин да и се враќа на музиката или чисто онака… од забава или жал по старите добри времиња… само тој си знае!?

Ама, знае ли пејачката од дуетот, дека на нивната заедничка песна сега има и видеоспот?  Ако знае, значи се согласила однапред, ако не… кај и да е – ќе дознае… Дека Миске без да ја праша, на Ноне и го закачил… видето на Јутјуб ! А ќе дознаат и носителите на правата на филмот… или поточно, на американската ТВ серија „13 причини зошто?“ Е тогаш и тие „ќе сакаат нешто за себе“… !

To top