Холивудскиот актер Бред Пит, и според мислењето на половина од светот еден од најубавите мажи во последните децении, ја шокираше јавноста откривајќи дека има ретко медицинско нарушување за кое верува дека предизвикува „слепило со препознавање лице“.
58-годишниот оскаровец изјави за магазинот „GQ“ дека мисли дека има прозопагнозија, ретко невролошко нарушување што го отежнува препознавањето на лицата, дури и на лицата на пријатели или роднини.
Пит рече дека често имал проблеми да ги препознае луѓето, поради што многумина мислат дека е „арогантен, недостапен и самобендисан“.
Никој не ми верува“, изјави актерот за странските медиуми и додаде дека би сакал да запознае некој друг кој ја има оваа состојба, за да сподели искуства и потенцијално да научи што да прави за да ја надмине.
Фото:Принтскрин/Профимедија